Филе денеска ке го објави извештајот за Македонија!

Објавено на 16 април, 2013 во 08:41

Попладне во Европскиот парламент во Стразбур, комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе,  ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија што Европската комисија го подготвуваше според заклучоците на декемврискиот Самит на Европскито совет.

Во 16 часот е закажано појавувањето на Филе во Европарламентот. Дотогаш македонскиот извештај ќе биде отворен за измени и дополнувања. Засега не се знае дали до вечер Комисијата ќе подготви заклучоци за кусиот извештај или документот според најавите ќе биде само информативен во однос на остварените резултати на Македонија во однос на добрососедството со Бугарија, преземените чекори во решавањето на наметнатиот спор за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Како што претходно објави МИА, овој специјален извештај нема да содржи препорака за почеток на преговоритеза членство на Македонија во ЕУ туку ќе биде потврдена веќе дадената препорака од ЕК во октомврискиот редовен прогрес извештај за земјава.

Во Стразбур денеска ќе биде и македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски кој отпатува на покана на генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ. Поповски ќе учествува на работната вечера со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.