Македонија без конвенционални безбедносни закани!

Објавено на 18 април, 2013 во 15:09

Република Македонија во моментов не се соочува со директна конвенционална закана по безбедноста, рече денеска министерот за одбрана, Талат Џафери на тркалезната маса на Факултетот за безбедност, пренесува 24 вести.

Џафери нагласил дека  државата можела да одговори на сите предизвици со сите безбедносни инструменти.

Политичкиот експерт Димитар Мирчев смета дека Македонија има добра економска состојба и според него економијата не би можела да биде вовед во внатрешен конфликт.

Наспроти него, експертот Мерсел Биљали изнел  тврдење  дека државата е во лоша економска состојба  која можела да доведе до безбедносно ризична состојба.

Косово засега е безбедносен ризик за Македонија, особено сега кога се одлучува за иднината на Србите на северот,  оценил Стево Пендаровски.

Пендаровски не исклучува дека државата има и закана од исламскиот радикализам, но смета дека членството во НАТО ќе ги анулира сите ризици по државата.

Извор: 24 вести

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.