Богоевски пред истражен судија!
Објавено на 18 април, 2013 во 15:08
Поранешниот директор на УБК, Слободан Богоевски, заедно со уште три лица, меѓу кои има двајца адвокати се осомничени дека испрале еден милион евра преку малверзации поврзани со земјишна парцела кај спортскиот центар Борис Трајковски, спроти Воена болница.
Тие се товарат и за кривичните дела фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службена положба и овластувања.
Делата се направени во 2009 година. Осомничените се пред истражен судија, кој откако ќе им земе искази ќе одлучи дали ќе им одреди мерка притвор.
Освен четворицата уапсени, полицијата трага уште по двајца осомничени, од кои еден е словенечки државјанин./Б.Н
