Нов, електронски рецепт од јуни, годинава!

Објавено на 22 април, 2013 во 17:30

Наместо напишани на хартија, од јуни, лекарите ќе издаваат електронски рецепти. Новиот модул во здравството ќе биде пробно пуштен на 15 мај, годинава најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Електронскиот рецепт ќе понуди безбедно, брзо и ефикасно издавање на лекови, најави министерот.

„Потполно истата легислатива и истите правила кои важеа претходно, важат и сега. Ова е само замена за хартиениот со електронски рецепт. Добиваме многу помалку документација и добиваме многу точна евиденција за тоа што се случува во здравствениот систем“, рече Тодоров.

Пробната работа на целиот систем ќе трае само 15 дена по што новиот систем ќе треба функционира на територијата на целата држава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.