Владеачката партија ќе гради ново седиште во Скопје!
Објавено на 23 април, 2013 во 15:37
ВМРО ДПМНЕ ќе гради ново партиско седиште на улицата.„Македонија 17а“ во Скопје.
Во партиското соопштение се информира дека целиот процес за изградба бил транспарентен и во согласност со законските нормативи.
Партијата напиша дека за изградбата на новиот простор немало да има никакви трошоци додека со реализација на проектот ќе се обезбеди работа на градежни компании.
Изградбата на објектот ќе ја реализира приватен инвеститор на земјиште кое е сопственост на ВМРО-ДПМНЕ. Објектот ќе има комерцијални цели додека инвеститорот на партијата ќе и отстапи 30 отсто од изградената површина.
