Бесплатни гинеколошки прегледи за жените на село!

Објавено на 23 април, 2013 во 15:48

Жените од тешко достапните рурални места ќе може да направат бесплатен пап тест, основен гинеколошки преглед, сите типови на ехо и да добијат совет за било каков проблем или инфекција во мобилна гинеколошка амбуланта.

Станува збор за комбе возило опремено со сите медицински апарати кое ќе ги посетува населените места и во кое ќе се вршат гинеколошки прегледи за жените.

Проектот денеска го промовираше министерот за здравство Никола Тодоров.

-„Сериозно се инвестира на овој начин во превенцијата, бидејќи жените од руралните средини не прават често гинеколошки прегледи, по што можеби добиваат потешки дијагнози, што понатаму дополнително финансиски ги оптоваруваат, а дел од нив завршуваат и со фатални последици,“ рече Тодоров.

Гинеколошкото комбе прво ќе ги посети населените места во општините: Гостивар, Куманово, Тетово, Делчево, Охрид и Струмица.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.