Електронски ќе се врши распределба за работа во странство!
Работниците од Македонија ќе се упатуваат на работа во странство преку проектни договори, а врз основа на претходно утврдена квота каков што е случајот со Сојузна Република Германија, со помош на електронска распределба.
„ Министерството за труд и социјална политика со воведување на новиот, односно со електронскиот начин на распределба на квотата ќе овозможи поголема транспарентност при распределбата, а од друга страна со донесеното законско решение се овозможува поголема заштита на работниците, овој пат на оние кои што се упатуваат на работа во други држави“, рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на денешната прес конференција. Тој смета дека на овој начин се обезбедуваат целосно регулирани услови на македонските трговски друштва, со цел да се придонесе за нивна конкурентност на странските пазари.
