Денеска сонце, облаци и пад на температурата!
Објавено на 31 мај, 2013 во 06:36
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо со пад на температурите.
Локални врнежи од дожд се очекуваат во северозападните, североисточните и источните предели. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер кој ќе достигна брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 27°C. УВ индекс 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен југозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 23°C. УВ индекс 7.
