„Ер трактори“ ќе го гаснат пожарот на Криволак!

Објавено на 31 мај, 2013 во 08:10

Уште е активен пожарот кај стрелиштето на воениот полигон кој опожарил околу десеттина хектари ниско стеблеста шума и смреки. Пожарникарите се повлечени на безбедно растојание.

Непристапниот терен и детонациите, од неиспуканата муниција, го отежнуваат гаснењето. Состојбата се контролира но непристапниот терен создава проблеми.

Синоќа, вработени во ЈП Македонски шуми, вработени те во штипската канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарната единица поднеле барање во Владата за дејствување на два авиони „ер трактори“.

Денеска, околу 11 часот, тие треба да почнат со интервенција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.