Змиите ова лето се многу лути, внимавајте!

Објавено на 21 јуни, 2013 во 18:58

Змии отровници го преплавија скопскиот регион. Високите пеколни температури се главна причина за појавата на влечуги во Скопје. Раздвиженоста на змиите периодов била забележана и на зелените површини во центарот на градот. Експертите смируваат – повеќето не се смртоносни, јави Алфа.

Наезда од змии има и во Босна и Херцеговина.Човекот кој 45 години се занимавал со змии и го познава нивниот јазик е Миќо Пантиќ. Тој живее во Модран  и во целата околија е познат како човек кој знае да се  справи со овие влекачи. Доколку змија влезе во нечиј дом или автомобил го викале на помош Пантиќ.

Според неговите кажувања, таква наезда на змии каква што имало оваа година немал видено многу одамна. Тие биле многу лути бидејќи по обилните дождови  започнале големи горештини. Влегувале во домовите и напаѓале луѓе почесто од вообичаено.

Тој имал рецепт и подготвувал против отров. Тврди дека бил многу ефикасен, но не препорачува да го подготвува било кој оти рецептурата била многу сложена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.