„Недела на гордоста“ во Македонија!

Објавено на 22 јуни, 2013 во 11:26

Со проекција на кратки видеа за транс луѓето во земјава започнува „Неделата на гордоста“.

Ќе се одржат неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со сите дилеми околу ЛГБТ лицата во нашата држава.

Во организација е на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТ јунајтед во соработка со ЛГБТ центарот за поддршка и „Лезфем“.

Инаку, оваа Недела на гордоста се одржува по повод 27 јуни, интернационалниот ден на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.