Медиумите со донации и помагаат на владеачката партија!

Објавено на 22 јуни, 2013 во 11:41

Медиумите  во земјава ја донирале владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори.

37 медиуми, меѓу кои повеќето се телевизии донирале за партијата на власт. Според податоците од извештајот на Државниот завод за ревизија медиумите донирале кој колку може. Има донации за рекламирање како услуга во висина и од 250 илјади евра.

 

Најмногу донирала групацијата МПМ, издавач на дневните весници Дневник, Утрински и Вест, па следуваат националните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа. Од локалните најмногу донирала Тера телевизија, а од радијата Сити радио. Еве ја листата на медиуми кои со рекалми ја помагале владеачката партија да допре до граѓаните и да им ја пренесат политиката.

МПМ (издавачот на Дневник, Утрински и Вест) – 252.843 евра

Сител ТВ – 161.364 евра

Канал 5 – 145.506 евра

Алфа Тв – 76.840 евра

Тера ТВ – 9.809 евра

Наша ТВ – 6.038 евра

Сити Радио – 5.754 евра

БТР – 5.215 евра

Ирис Штип – 4.414 евра

ТВ Стар Штип – 4.250 евра

ТВ Нова Куманово – 4.087 евра

КТВ 41 – 3.596 евра

Здравкин Велес – 3.376 евра

Визија Прилеп – 3.269 евра

Скај Радио – 3.008 евра

Интел Струмица – 2.942 евра

НТВ Охрид – 2.452 евра

Златен канал – 2.452 евра

Менада – 2.452 евра

Крт Куманово – 2.308 евра

ТВ Тиквешија – 2.288 евра

Шутел – 2.256 евра

ЕДО – 2.239 евра

ТВ Сонце – 1.961 евра

Свет Св. Николе – 1.634 евра

Кобра Радовиш – 1.634 евра

ТВ Кочани 1.634 евра

Канал 21 – 1.634 евра

Протел – 1.634 евра

Д1 Делчево – 1.634 евра

Метрополис радио – 1.634 евра

Боем Кичево – 1.443 евра

ТВ Амазон – 1.389 евра

Спектра Лабуништа – 1.389 евра

ТВ Морис Охрид – 1.307 евра

ВТВ Валандово – 1.144 евра

Нова ТВ Гевгелија – 1.005 евра

Според извештајот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за реклами во изборната кампања потрошила 1.581.201 евра, пари кои во најголемиот дел се обезбедени од донации од медиумите наведени погоре.

Ниеден медиум не донирал за опозицијата. Нема донации ниту за ДУИ и ДПА.

Опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ за реклами потрошила 221 илјади евра, владеачката албанска партија ДУИ 350 илјади евра, а ДПА 8 илјади евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.