Ограбена куќа во Скопје, пленот е тежок над половина милион евра!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 10:14
Крадец ограбил куќа, викендов, во Скопје и се офајдил со половина милион евра, 50.000 долари, златен накит и документи.
Парите, накитот и документите се наоѓале во сеф што крадецот го украл од куќа на улицата Павел Шатев.
Кражбата била изведена со влегување на крадецот преку врата на балконот во куќата, која ја обил, соопшти МВР.
По крадецот се трага.
