Најден се бори за живот!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 13:08
Бебето Најден се наоѓа на Детската клиника во Скопје, борејќи се за живот.
Четиремесечното бебе беше пронајдено во Арачиново, со пресечен јазик и фрлен во грмушките. Оставен од најблиските, тој беше пронајден и веднаш однесен на Детската клиника. Иако лекарите даваат се од себе, Најден е повторно во критична состојба. Др. Софијанова изјави за Дневник дека Најден има проблеми со едното белодробно крило и дека неговото здравје е слабо уште од првиот ден во болницата.
Лекарите се трудат со сите сили да го закрепнат малечкиот Најден. Во изминативе дена имаше неколку хуманитарни акции во Скопје за да му се помогне на Најден. Лекарите се надеваат дека ваквите добрини од народот ќе продолжат да му помагаат на малечкиот борец.
Л.С.
