Претпладне сонце, попладне дожд и грмотевици!

Објавено на 26 јуни, 2013 во 06:33

Денеска  претпладне не очекува  претежно сончево и топло време, попладне ќе има развој на нестабилна облачност  со врнежи од дожд во западните, југозападните предели, а во вечерните часови и во крајните источни предели.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 7.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени. УВ индекс 7.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.