Македонија сеуште во последни редови

Објавено на 26 јуни, 2013 во 11:29

Агенцијата за борба против корупцијата, Transparency International, припрема нов извештај за Балкано. Отценка: ниска.

Организацијата известува дека граѓаните од Балканот, вклучувајќи ги и Македонците, гледаат на политичките партии како најкорумпираните јавни институции.

– Силна демократија и фер избори зависат на отворена книга од политичкото финансирање. Без чиста политика нема чиста влада. Хрватска е малку пред своите соседи во транспарентност во кампања, но тие како и соседите имаат уште долг пат, изјави Маршал, заменик управен директор на организацијата.

Македонија, Косово и Србија се во последни редови за доверливоста на политичките финанскиски извештаи. Исто така, не постои добар механизам за спречување на злоупотреба на политичките финансии ниту казнени мерки за злоупотреба. Според извештајот, во Македонија дури ни агенциите кои треба да ги следат политичките кампањи, немаат политичка независност. Во Србија и Македонија ниту една политичка партија досега не била казнета за прекршување на правилата за политичко финансирање за изборна кампања.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.