ОДИХР ќе го проверува избирачкиот список!
МВР треба да достави податоци за 10.600 граѓани на кои до 24-ти март годинава им истекла важноста на нивниот биометриски документ а Државната изборна комисија да провери дали ги има на избирачкиот список за Локалните избори 2013. Според законските одредби, ако некој во периодот од комплетирањето на избирачкиот список до денот на изборите извадил биометриски документ, а не се пријавил во подрачна единица на ДИК, не треба да го има на списокот со гласачи. Ова е заклучокот од денешната седница на работната група за проверка на избирачкиот список за последните локални избори, пренесе Плусинфо.
Претставничката на Министерството за внатрешни работи соопшти дека МВР издало вкупно 53.059 лични карти во периодот од 11-ти јануари до 21-ви април, односно во трите месеци пред да се одржат локалните избори.
Од нив, 3.607 лични карти биле издадени на малолетници, кои воопшто не би можеле да се најдат во избирачкиот список. Во останатите не е јасно дали се влезени и оние кои правеле промени на адресата или презимето.
Вкупно 118.711 граѓани не биле дел од избирачкиот список поради тоа што немале извадено било каков биометриски документ
