Жолта фаза во Македонија. Пороен дожд, грмежи и услови за невреме!

Објавено на 29 јуни, 2013 во 06:13

Денеска претпладне ќе се задржи претежно сончево со локална облачност, попладне ќе има развој на нестабилна  облачност со поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици и со услови за невреме со врнежи од град.

Поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C. УВ индекс 5.

Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради поројните врнежи од дожд и грмотевици. Постојат услови за локално невреме.

Во Скопје  претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмотевици. Можна е појава на невереме. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C. УВ индекс 5.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.