Жолта фаза во Македонија. Пороен дожд, грмежи и услови за невреме!
Денеска претпладне ќе се задржи претежно сончево со локална облачност, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици и со услови за невреме со врнежи од град.
Поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C. УВ индекс 5.
Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради поројните врнежи од дожд и грмотевици. Постојат услови за локално невреме.
Во Скопје претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмотевици. Можна е појава на невереме. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C. УВ индекс 5.