Владиката Тимотеј: Не му даваме земја на Субрата Рој

Објавено на 12 јули, 2013 во 16:34

МПЦ посочи дека земјиштето во Љубаништа е нивен имот и дека не може власта да дава нешто што не е нејзино.

Владиката Тимотеј за НОВА изјави дека „нема намера ниту да дава, ниту да подарува земјиште, ниту пак дека некој го прашал за земјиштето“. Субрата Рој според Владиката Тимотеј е  „ обичен мангуп“.

Земјиштето каде е планиран хотелскиот комплекс на Субрата Рој „не е црковно, туку државно“ и Република Македонија се води како сопственик, се огласи министерствотото за култура.

Исто така, земјата над која се сопственици во Љубаниште,не сакаат да ја дадат ниту граѓаните ако тоа треба да го сторат без пари. Станува збор за парцелите кои треба да станат дел од замислениот комплекс на Индиецот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.