Да се повлече предлог законот за медиуми!

Објавено на 18 јули, 2013 во 17:11

Здружението на новинари на Македонија,  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници  и Центарот за развој на медиумите бараат да се повлече предлог законот за медиуми бидејќи  Владата не успеала  да ги вгради суштинските забелешки на домашните и меѓународните институции.

Нивното барање е да бидат вклучени во процесот и да се уважат нивните предлози и забелешки пред законот да биде донесен. Според нив законот дополнително ќе ја влоши состојбата со медиумите.

“Владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и за донациите на медиумите за изборната кампања. Бараме Владата да го повлече Предлог-законот за медиуми затоа што нема никакво образложение и потреба за тоа, а предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се корегира согласно забелешките домашните и странските институции” рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.