Да се повлече предлог законот за медиуми!
Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Центарот за развој на медиумите бараат да се повлече предлог законот за медиуми бидејќи Владата не успеала да ги вгради суштинските забелешки на домашните и меѓународните институции.
Нивното барање е да бидат вклучени во процесот и да се уважат нивните предлози и забелешки пред законот да биде донесен. Според нив законот дополнително ќе ја влоши состојбата со медиумите.
“Владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и за донациите на медиумите за изборната кампања. Бараме Владата да го повлече Предлог-законот за медиуми затоа што нема никакво образложение и потреба за тоа, а предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се корегира согласно забелешките домашните и странските институции” рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.