Синдикатот на новинари бара Кежаровски да биде пуштен на слобода!

Објавено на 22 јули, 2013 во 12:14

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија денеска побара новинарот Кежаровски да биде пуштен на слобода. Ваквата реакција на синдикатот уследи откако тој денеска ја одбил храната во затворот и започна штрајк со глад.

„Длабоко сме загрижени од веста за штрајкот со глад на новинарот Кежаровски и бараме итно да биде пуштен да се брани од слобода. Потсетуваме дека условите за тоа се исполнети: заврши распитот на сведоците во случајот за кој е притворен нашиот колега, а дадена е и имотна гаранција. Веќе два месеца одбиваат да ги слушнат барањата на домашната и меѓународна медиумска заедница. Во спротивно одговорноста за состојбата на новинарот паѓа на судската и извршната власт и на сите државни институции кои одбираат да го игнорираат овој преседан во историјата на македонскиот журнализам “, се наведува во соопштението од ССНМ.

Денеска и  сопругата на новинарот Томислав Кежаровски, Марина најави подршка за својот сопруг. И таа ќе штрајкува со глад.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.