Над 1300 македонци побарале азил во земјите на ЕУ

Објавено на 13 август, 2013 во 11:32

Македонија е на 22 место во списокот од триесет земји чии граѓани побарале азил во земјите од Европската Унија во првиот квартал од оваа година.  Во наведениот период биле разгледувани 1.335 барања на македонски граѓани.

Косово и Србија на овој список се пред Македонија. Од овие две земји биле поднесени 3300 барања за азил. Во Албанија азил побарале 2200 граѓани, а во Турција 1660.

Според најновата анализа на Еуростат, најголем број  азил во Европскат Унија побарале русите. Во првиот квартал од годинава, над 8.400 Руси, половина од нив под 18 години, аплицирале да добијат статус на бегалец во некоја земја од Европската унија. Тоа е за 4 илјади повеќе од лани.

Најмногу барања за азил, или скоро 25 отсто, има во Германија. Во првиот квартал од годинава во таа земја азил побарале над 21 илјада луѓе. Тоа е за над 6 илјади повеќе споредено со истиот лански период.

16.000 барања биле за Франција, 9720 за Шведска и 7100 за Британија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.