Во Клубот на пратениците се одржува средбата Груевски – Заев

Објавено на 20 август, 2013 во 14:30

По кратките одвоени координации на учесниците на средбата за извештајот на експертската комисија за случувањата на 24 декември, минатата година расправата продолжи и тие ги пеглаат разликите. На средбата присуствуваат двајца претставници на меѓународната заедница.

Претходно премиерот Груевски и претседателот на СДСМ, Заев дадоа изјави.

„Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси и ќе успееме во наредните четири дена да дојдеме до решение“ изјави премиерот Никола Груевски пред денешниот состанок на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. 

“Очекувам комисијата да констатира дека на 24 декември имало уставни прекршувања”, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.