Неквалитетни и противзаконски докази во „Ликвидација“?
На денешното судење за случајот „Ликвидација“, во кое е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски, беа презентирани видео снимки и дурги докази, но без присуство на јавноста. Адвокатите на обвинитите ги оценија доказите како неквалитетни и противзаконски, пренесе ТВ Телма.
Доказите добиени со посебните истражни мерки во случајот против новинарот Томислав Кежаровски и останаите судии и обвинители приведени во акцијата Ликвидација се противзаконски, сметаат дел од адвокатите. На денешеното рочиште судот, без присуство на јавноста започна со презентација на дел од видео снимките и транскирпитите од телфонските разговори на обвинетите, но по приговор на одбраната рочиштето беше одложно.
– Во принцип не можам да ги коментирам посебните истражни мерки бидејќи тоа не го дозволува законот и затоа не може да зборувам за соджрината на доказите од ПИ мерките, но ќе кажам дека се неквалитетни дел, а дел добиени незаконски и затоа приговорот се однесува за тоа, и тоа е тоа што може да кажам за мерките во оваа фаза, вели адвокатот Јован Јоанидис.
По изведување на сите докази, судот, според адвокатите треба да им дозволи на обвинетите да се бранат од слобода или притворот да им го замени со куќен притвор.
-Мора да кажам дека судот сега за сега одлично и професионално ја води постапката и јас разбирам дека им е тешко бидејќи тука судот не суди обвинети туку го суди правосудството, а новинарот е само колатерална штета, рече Јоанидис.
Инаку новинарот Кежаровски се товари дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот за убиството во Ореше, додека пак приведените судии и обвинители дека барале поктуп за укинување на притвор на обвинетите во овој процес.
Приведените во акцијата Ликвидација четврти месец се во притвор, а новинарот Кежаровски пред неколку дена беше преместен во помала келија во истражниот затвор. Судењето продолжува на крајот од месецот.
