Избрани епархиските архијереји на двете новоформираните епархии
Објавено на 18 септември, 2013 во 11:19
Со титула митрополит кумановско осоговски, Епископот велички г. Јосиф ќе биде надлежен епархиски архијереј на Тетовско-гостиварската православна епархија, со седиште во Тетово. Епископот лешочки г. Јосиф ќе биде надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската православна епархија, со седиште во Куманово, со титула митрополит кумановско-осоговски, јавува Утрински весник.
Епархиските архијереји на двете новоформирани епархии ги избрал Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на својата последна седница
На 3 ноември во Соборниот храм „Светите Кирил и Методиј“ во Тетово и на 10 ноември во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово ќе се одржи интронизацијата на новопоставените епархиски архијереи..
