Судијката Лидија Каначковиќ, предложена за член на Судскиот совет

Објавено на 18 септември, 2013 во 14:36

Велешанката Лидија Каначковиќ, судија во Вишиот Управен суд во Скопје е предложена за нов член на Судскиот совет на Република Македонија.

Предлогот Каначковиќ да стане член на Судскиот совет, со мандат од 6 години, е на Комисијата за избори и именување во собранието на Македонија.

На седницата на Комисијата, за втор член, е предложен Селим Адеми, државен советник во Министерството за правда.

Предложените членови треба да ги избере Собранието.

Каначковиќ, која беше судија во Основниот суд во Велес пред да замине во Управниот, па во Вишиот Управен суд во Скопје.

Судијката Каначковиќ , откако беше утврдена како предлог на Собраниската комисија, за „Дума“ кратко изјави: -На годишен одмор сум, се враќам кон Македонија, знам само дека конкурирав на огласот за член на Судскиот совет и тоа е се што можам да кажам сега – рече Каначковиќ.

Каначковиќ треба да ја замени досегашната членка Лина Петровска.

На комисијата во Собранието, пратеникот на ДПА Беким Фазлиу, за член во Судскиот совет го предложи адвокатот Елвир Исени од Тетово, син на поранешниот претседател на Судски совет, Бекир Исени, но тој не беше прифатен.

Опозицијата, по утврдување на предлозите  обвини за партизација на судството,  а пратениците од мнозинството одговорија дека предлагаат професионалци кои имаат богато правничко искуство.

Саше Димовски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.