Преку ден сончево и топло
Објавено на 23 септември, 2013 во 08:08
Во Македонија денеска по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 27°C.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна ќе достигне до 24°C.
Од среда следуваат сончеви и потопли денови со пораст на дневните температури, но бидете внимателни бидејки ќе продолжат свежите утра и ноќи.
извоp: weather4all.com.mk/
