Ванизелос: Географска одредница за севкупна употреба

Објавено на 23 септември, 2013 во 16:26

Националната позиција на Грција за името е јасна, име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Њујорк, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Како што пренесе Радио Слободна Европа, Венизелос смета дека ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција, која, како што изјави, сака стабилност во регионот на Западен Балкан.

„Поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право“, изјави Венизелос.

За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарт за прширување Штефан Филе со медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.