Одбиен предлогот за дефинирање на бракот исклучиво како заедница на маж и жена
Собранието на Македонија ја одби иницијативата поднесена од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за измена во Уставот со која бракот би се дефинирал како заедница меѓу маж и жена. За предлогот гласаа 47 против беа „26“, а воздржани 12 пратеници. Предлогот го поддржаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, против беа СДСМ и ДПА, а ДУИ беа воздржани. Според Деловникот, за да се донесат уставни измени потребно е двотретинско мнозинство, односно 82 гласа од вкупниот број пратеници, пренесе Телма.
Според опозицијата од македонскиот политички блок, непотребно е да се отвора Уставот за едно вакво прашање кое е дефинирано во Законот за семејство. Опозиционерите сметаат дека преку овој предлог ВМРО-ДПМНЕ имаше за цел јавноста да се отргне од вистинските проблеми во државата кои пред се, се од економска и социјална природа.
Како главен аргумент во прилог на предлогот, пратеникот Ѓорчев рече дека 97 отсто од граѓаните во Македонија поддржуваат ваква уставна измена бракот да се дефинира исклучиво како заедница меѓу маж и жена. Ѓорчев рече дека со уставната измена „ќе се спречи во иднина опозиција кога ќе дојде на власт преку измени во Законот за семејство да ги признае хомосексуалните бракови.
– Не треба да има насилство и дискриминација, но бракот да биде меѓу маж и жена, рече Ѓорчев.
