Охриѓанец нападнал полицајка во полициската станица
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52- годишен охриѓанец на кого од страна на истражен судија при основниот суд во Охрид, му е одреден притвор во траење до 30 дена. Тој нападнал полицајка во станицата во Охрид, пишува Охрид њус.
Настанот се случил на 21- ви септември, на улицата „Македонски просвети тели“ пред зградата на СВР Охрид,кога сега притворениот без да се пријави се обидел да влезе во полициската зграда. Го игнорирал укажувањето на полициската службеничка дека треба да се пријави, по што веднаш физички ја нападнал нанесувајќи и неколку удари со рака во пределот на главата. Полициската службеничка, во самоодбрана го спречила охриѓанецот во неговите натамошни обиди да го продолжи физичкиот напад.
При приведувањето лицето повторно се обидело да нападне полициски службеник. Спречен и во тој обид, започнал на глас да им се заканува на полициските службеници и да им упатува низа навреди и недолични зборови.
