Обвинетите во „ликвидација“ добија по пети пат прдолжување на притворот
Објавено на 26 септември, 2013 во 16:52
Уште 30 дена продолжен им е притворот на сите обвинети во случајот „Ликвидација“Меѓу обвинетите е и новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски.
Ова е петти пат по ред како обвинетите добиваат продолжување на притворот.
Освен новинарот, во овој случај приведени се и судии и обвинители. Приведените се сомничат за поткуп и откривање доверливи информации.
Кежаровски е обвинет за текст објавен во ноември 2008 година во сега веќе непостојното списание „Репортер 92“.
