Законот за абортус пред Уставен
Невладините организации ХЕРА, Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници и професорката Каролина Ристова – Астеруд, денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.
А сето тоа наводно заради грижа за здравјето на жената и без речиси никакво право на правна, односно судска заштита. И не само што го правам тоа, не само што го нарушувам ова уставно право, туку заради грижа за здравјето на жената, го правам тоа и со повреда на физичкиот интегритет на жената, достоинството, нејзината приватност и серија други уставни права на жената.
Астеруд вели, да може законот да зборува би го кажал следното – „да јас не го спорам уставното право на жената да може сама да изврши прекин на бременоста, меѓутоа го оневозможувам и целосно го попречувам, по каприц на Министерот за здравство, односно извршната власт“.
Пратениците по скратена постапка го усвоија законот пред два месеци и покрај протестите од невладините организации кои бараа да се повлече предлогот.
Извор: Радио Слободна Европа
