Облачно со врнежи од дожд
Објавено на 30 септември, 2013 во 08:43
Облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на температурите е прогнозата за денеска. Поинтензивни врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 26°C.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 22°C.
