Продолжен притворот на Кили
Објавено на 30 септември, 2013 во 18:26
За нови 30 дена е продолжен притворот на Кирил Поп Христов. Одлуката ја донел Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Според судот, мерка, била донесена поради опасност од бегство и повторување на делото.
Семејство и одбраната на Кили бараат укинување на притворот, бидејќи му е неопходен соодветен медицински третман за тумор на грбот откако минатата недела неколку пати беше носен на клиника во Скопје.
