Свечена заклетва на новата генерација на питомци
Во Воената академија во Скопје, денеска, свечена заклетва дадоа питомците – студенти од првиот циклус на студии од учебната 2013/2014 година. Седумнаесеттата генерација на академци има вкупно 31 питомец од кои 26 од Македонија по двајца од Црна Гора и Косово и еден од БиХ.
На питомците почетокот на учебната година им го честита министерот за одбрана Талат Џафери кој нагласи дека тие ќе се здобијат со практични и теоретски знаења.
Денеска од партијата Достоинство побараат поништување на конкурсот за питомци. Нивните забелешки се однесуваат на нерегуларности и непотизам.
Министерот Џафери денеска исто така призна дека лично го унапредил од капетан во мајор Шеваљ Етхеми, кој и е познат на јавноста како поранешен член на ОНА и според законот амнестиран.
Медиумите претходно објавија дека Етхеми бил унапреден од Џафери без договор со Генералштабот на АРМ.
