На граничните премини нема подолги задржувања
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
