Вест: Кулиќ – Точно знаеме како загина Борис Трајковски

Објавено на 3 септември, 2014 во 07:20

Kонечните резултати од повторената истрага за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и уште деветмината соработници се очекува да бидат соопштени овој месец.

Шефот на новата истрага Омер Кулиќ, како што пренесе весникот „Вест“, изјавил дека сега се знаат актерите и одговорните авторитети.

– Картите се поклопија, сега точно знаеме како загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Оваа повторена истрага е различна од првичната која ја водеа надлежните власти во БиХ. Ова се сосема поинакви резултати на истрагата – изјави Кулиќ за „Вест“.

До крајот на месецов на македонската Влада ќе и биде доставен извештајот, а потоа таа ќе реши дали и што ќе преземе понатаму. Јавната презентација на наодите од истрагата, Кулиќ најавил дека најверојатно ќе се емитува на Македонската телевизија.

Првичната истрага за авионската несреќа, која се случи на 26 февруари 2004 година, кај Ротимље во БиХ, беше затворена како несреќен случај поради лошите временски услови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.