СДСМ: Пресудата е уште еден срам за судството и за Република Македонија

Објавено на 3 септември, 2014 во 15:57

„Денешната пресуда е уште еден срам за судството и за Република Македонија. Претседателот Зоран Заев ќе ги употреби сите правни механизми за вистината да излезе на виделина. Само прашање на време е кога правдата ќе биде задоволена, а Никола Груевски ќе ја добие заслужената казна“, стои во соопштението од СДСМ.

Во реакцијата на опозициската партија се вели дека станува збор за партиска пресуда на партизирано судство, за пресуда што е по директива на Груевски, класичен доказ дека нема институции во Македонија и дека се е контролирано од еден центар, премиерот Никола Груевски.

Потврда за тоа, велат од СДСМ, е одлуката на судот да ја испорача до евро, сумата од 50 илајди евра, што ја побара Никола Груевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.