Враќање на полицискиот час од 22 до 5 часот, предлог на Комисијата за заразни болести

Објавено: 8 јуни, 2020, во 11:19 часот

maski fin

8.06.2020

Комисијата за заразни болести ќе го достави својот предлог до Владата за повторно да се врати полицискиот час.

Се предлага полицискиот час да почнува од 22 часот до 5 часот и да важи за критичните места каде има зголемен број на заболени од короанвирусот.

Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1.226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.