Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка” закажано на 8 октомври, годинава

Објавено: 17 август, 2020, во 11:48 часот

eurostandardbanka fin

17.08.2020
Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка” АД Скопје ќе ја води стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври годинава, информираат денеска од Основниот граѓански суд Скопје.

– Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот „Еуростандард банка” АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат, се вели во соопштението од Основен граѓански суд Скопје.

Народната банка на 12 август годинава ја затвори „Еуростандард банка” АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење и најави дека за неа од судот ќе побара стечајна постапка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.