Патниците од Косово за транзит низ земјава ќе мора да имаат негативен ПЦР тест
Објавено: 19 август, 2020, во 15:14 часот
19.08.2020
Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија.
Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од 72 часа.
Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата.
