Финска привремено ги забрани летовите од скопскиот Аеродром

Објавено: 20 август, 2020, во 07:04 часот

aerodromFinska fin

20.08.2020
Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период.

Предложената препорака на финскиот министер за транспорт и врски, Тимо Харака до финската влада следи по десетиците позитивни тестови за коронавирус кај патниците кои пристигнуваат од скопскиот аеродром. Дури 26 лица кои пристигнале со летот што слетал во Турку на 8 август биле тестирани за позитивни, додека пет позитивни тестови биле пријавени на друг лет од истата дестинација минатиот вторник. Дополнителни 12 случаи биле откриени на летот што пристигнал минатата сабота.

„Ова е исклучителна мерка, но многу новозаразени се појавија преку оваа авио-линија. Затоа мора да преземеме акција и колку што јас добив информации, владата ќе го направи тоа“, изјавил Харака во понеделникот.

Тој истакнал дека мерката ќе биде привремена и додал дека слично дејствување не се разгледува за други летови.

Од Министерството за здравство информираа дека станува збор за патници-иселеници кои доаѓаат во С. Македонија или транзитираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа и за кои не важат рестрикциите при влез и излез од земјата зашто имаат дозвола за престој или државјанство од ЕУ.

Комисијата за заразни болести вчера предложи да се воведе задолжителен ПЦР тест за ковид-19 за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.