Џафери денеска треба да биде избран за Претседател на Собранието
Објавено: 20 август, 2020, во 07:27 часот
20.08.2020
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по седницата на Централниот совет на партијата, најави дека Талат Џафери денеска повторно ќе биде избран за претседател на Собранието.
Иако официјално се уште нема закажана седница, најавите за денешниот избор се очекуваат во наредните часови.
„Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели“, изјави синоќа Ахмети.
На новинарските прашања како се надминати несогласувањата на партиското членство од Чаир и Куманово со овие кадровски решенија, Ахмети изјавил дека имало дебата, а сите одлуки се донесени со договор.
„Мнозинството на Централниот одбор ги прифатија овие кандидати кои се предложени. Сите се овде од ограноците, нема партија која што нема што дебата за овие прашања. ДУИ секогаш е транспарентна и на крај сите ја поддржаа одлуката која е добиена со мнозинство. Нема вознемирувања, природно е овие прашања да имаат дебата до последен момент. Сите заседанија на артиски тела се во присуство на медиумите и транспарентни“, истакнал Ахмети.

