Задолжителна самоизолација при Ковид-19 од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот
Објавено: 29 октомври, 2020, во 10:34 часот
29.10.2020
Самоизолацијата станува задолжителна при тестирање за ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот.
Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои.

За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.
Овие измени ќе стапат на сила по објавување во Службен весник.
-Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Тие се единствените мерките кои може да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го сочуваме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски- напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

