Државата треба да обезбеди маски од типот Н95 за населението, препорака на д-р Софијанова
Објавено: 30 октомври, 2020, во 08:14 часот
30.10.2020
Докторката Аспазија Софијанова за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, изјави дека најдобри маски за заштита од коронавирусот се Н95, но дека сите маски штитат.
„Најдобро е нова маска и таа да биде за еден цел ден“, рече Софијанова и дополни дека државата треба да се потруди на населението да му обезбеди маски, особено од типот Н95.

Таа смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.
„Аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено“, изјави Софијанова.

