Бучковски именуван од владата за специјален претставник за Бугарија

Објавено на 1 декември, 2020 во 17:56

Buckovski fin

1.12.2020

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски.

Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Владата и преку официјално соопштение посочи  дека поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на нашата земја за Бугарија.

„Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, велат од Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.