Бучковски именуван од владата за специјален претставник за Бугарија
Објавено на 1 декември, 2020 во 17:56
1.12.2020
Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски.
Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.
Владата и преку официјално соопштение посочи дека поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на нашата земја за Бугарија.
„Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, велат од Владата.