Сончево со мала доумерена облачност

Објавено на 8 декември, 2020 во 07:48

zimskoutro fin

8.12.2020

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.

Утре повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.